Свет
22. May 2018 - 16:03

Порака на Аријана на годишнината од терористичкиот напад во Манчестер

Пејачката Аријана Гранде им изрази сочуство на своите обожаватели на годишнината од терористичкиот напад кој се случи на нејзин концерт во Манчестер.

- Мислам на сите вас, како денеска, така и секој ден. Ве сакам со цело мое срце, и ви ја испраќам сета моја топлина којашто ја имам на овој тежок ден, напиша таа.

Аријана додава дека се уште тешко го преживува нападот.

- Музиката треба да биде најбезбедното нешто на светот. Тоа ме тишти секој изминат ден, додава таа.

Во бомбашкиот напад на исламист на концертот во Манчестер лани беа убиени 22 лица, а повредени околу 500, од кои повеќето деца.