Македонија
16. August 2022 - 11:38

Поради зголемени потреби од крв во земјава утре крводарителска акција во Кавадарци

Црвен крст Кавадарци денеска најави реализирање на крводарителска акција за утре, поради зголемени потреби од крв во државата.

-Поради зголемени потреби од крв од сите крвни групи, на државно ниво, утре во времето од 8:00 до 15:30 часот во домот на културата ,,Иван Мазов – Климе” во Кавадарци, ќе се одржи крводарителска акција за сите граѓани од двете општини Кавадарци и Росоман. Се покануваат сите крводарители кои се чувствуваат здраво и можат да даруваат крв, да учествуваат во оваа доброволна и хумана акција, повикаа од кавадаречкиот Црвен крст.

Оттаму се заблагодарија на сите доброволни крводарители, кои досега имаат учествувано во акциите за дарување на крв, организирани од Црвениот крст.