Џет-Сет
12. January 2019 - 21:43

Поради заносната црнка мијардерот стави крај на 25-годшниот брак: Лорен му го заврти умот на Џеф Безос

За Лорен Санчез до пред некој ден никој не знаеше, а последните два дена сите сакаат да дознаат нешто повеќе за неа.

Жената поради која Џеф Безос, сопственикот на Амазон, ја остава сопругата Мекензи и која ќе го чини речиси 80 милјарди долари, дефинитивно е фатална, а кога ќе ги погледнете нејзините фотографии во бикини ќе ви стане јасно зошто му го заврте паметот на милјардерот.

Иако има 49 години и три деца, Лорин има форма на двојно помлади девојки и изгледа одлично. Пред неколку години се соблече во бикини за едно снимање и воодушеви во таа прилика.

На Јутјуб постојат неколку снимки кои докажуваат дека Лорин е неодолива за мажите. На една од снимките таа танцува на шипка.

Фаталната црнка се уште не се огласи за врската со најбогатиот човек на светот. Познато е дека и таа се разведува од својот сопруг, успешниот холивудски агент Патрик Вајтсел.