Свет
11. March 2019 - 14:50

Поради закана од бомба: Руски патнички авион принудно слета во Баку

Рускиот патнички авион на авиокомпанијата „Урал ерлајнс” принудно слета во азербејџанскиот главен град Баку поради закана од бомба, објави новинската агенција „РИА новости“.
 
Авионот со 225 патници и членови на екипажот леташе од Бахреин кон Москва, соопшти Управата на аеродромот во Баку.
 
Инцидентот се случи кога членовите на екипажот се посомневаа дека во авионот има бомба.