Поради загаден воздух затворени стотици училишта во Бангкок
Вкупно 437 училишта во Бангкок денеска се затворени поради загадениот воздух кој го зафати градот од крајот на минатата година.
– За да се спречат сериозни здравствени проблеми кај децата на училишна возраст, засега најдобро за нив е да не доаѓаат на училиште, изјави заменик-гувернерот на Бангкок Кријањос Судлапа.
Властите во Бангкок се обидуваат да го решат проблемот, во чии рамки утре се планира да се употребат околу 50 дронови со кои ќе се прска сок од шеќерна трска, кој се користи за уништување на честички од прав.
Последниов месец, Индексот за квалитет на воздухот во Бангкок (AQI) често надминува 150 поени, што значи дека е на „нездраво“ ниво. Индексот AQI денеска изнесува 183.
Многу жители на Бангкок и денеска носат специјални маски за лице за филтрирање на честичките PM 2,5 – честички помали од 2,5 микрограми, кои можат да продрат длабоко во белите дробови и да предизвикаат смрт од срцеви заболувања, мозочен удар, рак на белите дробови, хронична болест на белите дробови и респираторни инфекции.
Локалните власти соопштија дега смогот главно е предизвикан од густиот сообраќај и градежните работи. На улиците во Бангкок моментално има околу 10 милиони возила. Предупредија дека таквата состојба може да трае до 4 февруари.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација