Македонија
1. July 2016 - 20:22

Поради временските неприлики, се одложува концертот на "Љубојна"

Општина Кисела Вода информира дека поради временските неприлики, концертот на групата "Љубојна" со кој требаше да се отвори културното лето “Три круши 2016” и беше закажан за вечерва, се одложува. Воедно, се одложува и театарската претстава која требаше да се одржи утре вечер. Истите ќе бидат одржани во нов термин, за кој општина Кисела Вода дополнително, навремено ќе ве извести.

Во интерес на навремено информирање на јавноста, ве молиме да ја објавите оваа информација.