Свет
4. November 2016 - 14:06

Поради страв од хемиски напад евакуирана пошта во Германија

Просториите на „Дојче Пост“ во градот Бергхајм во западна Германија, беа евакуирани утрово откако од една поштенска пратка истекол сомнителен „бел прав“, објавија германските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, полицијата, која темелно го испитува случајот, се сомнева дека правта би можела да содржи спори на отровот антракс.

Според медиумите, инцидентот кој предизвила паника меѓу вработените и граѓаните, се случил додека поштенски службеник утрово отворал една поштенска пратка.

Веднаш по пријавата на инцидентот на терен излегле пожарникари и експерти хемичари од Келн и Есен. Медицинските екипи ги прегледале петте вработени во поштата, а евентуалната хемиска контаминација треба да биде утврдена во текот на денот.