Поради сообраќајка во прекин патот Куманово-Липково, магла на дел од патиштата
Поради сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот на регионалниот патен правец Куманово-Липково на мостот кај Отља, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интинзитет провејува на Маврово и Попова Шапка кој не се задржува на коловозот.
Намалена видливост поради магла има на патни правци од 50 до 150 метри Лисец - Попова Шапка, Маврово, Стража, Ѓавато и Плетвар.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски