Македонија
12. January 2018 - 20:10

Поради сообраќајка во прекин патот Куманово-Липково, магла на дел од патиштата

Поради сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот на регионалниот патен правец  Куманово-Липково на мостот кај Отља, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива  по влажни коловози. Снег со слаб интинзитет провејува на Маврово и Попова Шапка кој не се задржува на коловозот.

Намалена видливост поради магла има на патни правци од 50 до 150 метри Лисец - Попова Шапка, Маврово, Стража,  Ѓавато и Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.