Македонија
12. јуни 2021 - 17:27

Поради сообраќајка привремен застој на сообраќајот на патниот правец Делчево – М.Каменица

 Поради сообраќајна незгода со потешкотии се одвива сообраќајот на патниот правец Делчево – М.Каменица кај месноста Боришјето. Причина за несреќата е застранување на теренско возило марка „мерцедес“ од патот поради што во моментот сообраќајот со потешкотии се одвива по една коловозна лента.

Како што изјави возачот на возилото причината за излетувањето е поради тоа што кратко заспал, по што неговото возило удрило во блискиот ѕид.

Во моментот се чека шлеп служба за враќање на возилото на едниот дел од коловозот по што едната лента целосно би била ставена во функција.

За случајот е запозаена и делчевската полиција.