Поради снегот во велешката болница се јавиле 16 пациенти со скршеници
Поради пад од лизгање на снег, неделава, во велешката болница со фрактури се јавиле 16 пациенти. Портпаролот на велешката ЈЗУ Општа болница Марина Андова, за МИА информираше дека повредените, главно повозрасни, биле со фрактури на екстремитетите, а некои и со повреди на колкот.
-На повредените, нашиот тим лекари итно по приемот во болница им ги санираше повредите и тие беа ставени во гипс и лонгета, а потоа беа испратени на домашно лекување. Некои со потешки повреди, како на колкот, беа оперирани во велешката болница или упатени на понатамошно лекување во скопските клиники, информира Андова.
Од ЈЗУ Општа болница апелираат до граѓаните, особено повозрасните, да не излегуваат од домот во своите дворови и на улица без поголема потреба, со што ќе го заштитат своето здравје од тешки повреди.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи