Балкан
2. April 2018 - 14:29

Поради слаби оцени момче сакало да се обеси, било затекнато и спасено од неговиот татко во последен момент

Четиринаесет годишно момче од селото Станце во Полјаница кај Врање се обидело да се обеси, но неговиот татко го пронашол и спасил во последниот момент.
Според соседите кои се блиски со ова семејство, целиот инцидент се случил во петокот вечерта. Детето во безсознание е префрлено во Здравствениот центар во Врање, а потоа во Клиничкиот центар во Ниш.

Според неофицијалните информации, момчето сакало да се убие поради слабите оценки на училиште. Се здобило со тешки телесни повреди, опасни по живот.

Тој е едно од трие деца од ова семејство кои живеат во Полјаница. Повреденото момче е во кома префрлено на Клиничкиот центар во Ниш на одделението за неурохирургија.