Бизнис
9. August 2019 - 16:47

Поради расипана вага камионџиите со денови заглавени на ,,Богородица‘‘

Дефект во вага  со која се мери тежината на камионите неколку дена ги заглави превозниците на граничниот премин Богородица.

По бурните реакции на превозниците и барањата на одговори од медиумите  проблемот  попладнево  е надминат.  На превозниците им било соопштено да ги подготват потребните документи. Дел од нив за Сител посочија дека  се задоволни што проблемот е надминат, но  велат дека поради големата гужва очекуваат  пропуштањето на камиони за влез или транзит во земјава  да  оди бавно.

Од Царинската управа соопштија дека биле превземени сите неопходни активности. 

Царинската управа навремено ги презема сите неопходни активности за санирање на дефектот со вагата. Ве информираме дека  дефектот со вагата е веќе надминат и се очекува нормализирање на работата на самиот премин без застој, се вели во дописот од Царинската управа.

Инаку податоците од мерењето на тежината на камионите освен за царината се важни и за полицијата. Преку нив се гледа дали камиониот ги исполнува стандардите за движење по планираната траса. Неодама превозниците реагираа поради проблеми со новиот царински систем, но и тогаш од царинската управа тврдеа дека проблемот траел само неколку часа.