Свет
31. December 2016 - 9:14

Поради пријава за бомба приземјен авион на аеродром во Прага

На стариот аеродром „Ризине“ во Прага, доцна синоќа поради закана за поставена бомба принудно слета авион со 160 патници, кој летал од Шпанија до Варшава, јави дописникот на МИА. 
 
За време на принудното приземјување на Боингот 737-800,  на аеродромот не се одвивале други слетувања, а останатите авиони десетина минути летале во близината.
 
Маж од полска националност, кој се заканувал со активирање на експлозивна направа бил онеспособен од полицијата по слетувањето.
 
- Најверојатно се работи за маж, со нарушено здравје, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец на прашањето дали се работи за терористички напад.
Меѓу патниците немало повредени.