Фудбал
11. April 2019 - 10:25

Поради повреда на носот Меси надвор од теренот следните неколку дена

Капитенот на Барселона, Лионел Меси нема да тренира наредниот период поради повредата на носот здобиена на синоќешниот натпревар со Манчестер јунајтед во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

При еден воздушен дуел со Крис Смолинг, меси доби удар во носот по што беше неопходна лекарска интервенција за да го продолжи натпреварот.

Според информациите во медиумите, лекарскиот тим на Барселона, по спроведениот медицински преглед, отфрлил фрактура на носот на Аргентинецот и забележал мала гребаница на очниот капак.

Следниот натпревар на Барселона е на 13 април против Хуеска во 32. коло од шпанската Примера.