Македонија
30. November 2021 - 11:41

Поради паднато дрво во прекин сообраќајот на патот Дебар – Маврово

 

Поради паднато дрво во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Дебар – Маврово, кај местото викано Врбјанска Раскрсница.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 10:00 часот.