Свет
13. јуни 2016 - 8:33

Поради Орландо, Фејсбук покренува „проверка на безбедноста“

Фејсбук за првпат во САД активира функција „проверка на безбедноста“ (safety check). Одлуката е донесена по масакрот во Орландо во кој беа убиени 50 луѓе.

Функцијата за првпат е воведена во 2014 година и овозможува корисниците да објават дека се безбедни кога е во прашање некоја природна непогода или криза.

Најмалку 50 луѓе беа убиени вчера и 53 ранети во ноќен геј клуб во Орландо на Флорида.

Напаѓачот кој е убиен, е идентификуван како Омар Матин (29) американски државјанин со авганистанско потекло. Матин се заколнал на верност на Исламска држава кои презедоа одговорност за нападот.