Поради одрони од камен внимателно возење од Дебар кон Маврово и кон Струга
Ветерот и обилните и интензвни врнежи присутни изминатите денови во поширокиот дебарски регион, предизвикаа помали, но чести одрони од камен на патните правци од Дебар кон Маврово и кон Струга.
Поради тоа постојано се на терен екипи на дебарската секција на „Македонија пат“ под чија надежност се патните правци кон Маврово односно делница Дебар-Жровнца, кон Струга или делница Дебар-Глобочица, патот Мелнички Мост – Центар Жупа, кон граничнот премин „Блато“, како и кракот од Бошков Мост кон селата од Мала Река.
– На патните прваци кои се под наша надлежност има појава на помали но ест одрони од камен,посебно на делницата Дебар-Жировница и ДебарГлобочица. Наши екипи се постојано на терен и редовно ги отстрануваат од коловозот,со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, вели Деар Лиманоски, раководител на секцијата.
Тој апелира на голема внимателост при движење на споменатите патни правци и делници,прилагодување на брзината според условите на патот и строго почитување на патната сигнализација.
Обилните дождови, според стручните лица, поволно ќе се одразат во зголемувањето на водостоите на реките во ова сливно подрачје, што ќе условат и повисоко ниво на акумулација„Дебарско Езеро“ што ќе значи и поголемо производство на електрична енергија во ХЕ „Шпиље“.
Ново на Сител
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност