Македонија
9. December 2017 - 22:12

Поради одрон сообраќајот на Пресека по една лента

Поради одрон сообраќајот на планинскиот превој Пресека, на патниот правец Кичево – Охрид, се одвива по една коловозна лента, информира ЈП Македонијапат.

Оттаму посочуваат дека нивните екипи работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.