Македонија
2. December 2017 - 18:52

Поради одрон, сообраќајот на патот Маврово – Стража по една коловозна лента

Поради поголем одрон сообраќајот на магистралниот пат A2 крак Маврово – Стража се одвива по една коловозна лента со присуство на сообраќајна полиција, информираат од АМСМ.

Екипите на ЈП „Македонијапат“ се на лице место и работат на расчистување.

Одронот е на два километри пред планинскиот превој на магистралниот пат A2 крак Маврово – Стража.