Свет
18. December 2016 - 11:42

Поради невремето илјадници канадски домаќинства останаа без електрична енергија

Повеќе од 3.000 домаќинства се без електрична енергија во канадската провинција Нова Шкотска поради снегот и силниот ветер.

Ветерот се движи со брзина од 60 до 80 километри на час, а снежната покривка достигна до 15 сантиметри.

Поради снегот откажани се над 200 летови од аеродромот во Торонто, а на аеродромот во Отава откажани се 30 летови.

Во централните и западните провинции на Канада се усложнува ситуацијата од екстремно ниските температури. Во Манитоба, во Саскачеван и Алберта температурата на воздухот се спушти и до минус 35 степни Целзиусови, а на одредени места поради ветерот температурата се спушти до минус 45. На граѓаните им е препорачано да останат во домовите.