Џет-Сет
30. December 2015 - 15:27

Поради нејзе плачеше во куќата на Големиот Брат а сега со нејзе на сцена

Неодамна заврши реалното шоу Големиот Брат а поранешните станари од најпознатата куќа на Балканот се вратија во своите домови и на своите семејства. Така Горан Тодиќ уживаше на концерт на Лепа Брена во Зеница.
 
Потсетување, Горан во исповедалницата на Големиот Брат низ солзи зборуваше за фолк дивата отркивајќи дека му е една од омилените пејачки.
 
Дека добро се забавувал на концертот на Лепа Брена во Зеница говорат сликите на кој тој ужива со Лејла, а во еден момент тие се качиле на сцената заедно со нивните сорабитници и пријатели.