Бизнис
14. February 2018 - 13:32

Поради неиспочитуван договор пенали за Продис од над 150 илјади евра

Над 150 илјади евра оштета треба да плати фармацевтската компанија „Продис“ поради неиспочитувани обврски од договорот заинвестирање во ТИРЗ Скопје 1, Бунарџик.

Како што појасни портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција, компнијата согласно договорот имала обврска да вработи најмалку 100 лица за една година, но во 2015 и 2016 година не го испочитувала договорот. 

- Согласно податоците што ги имаме биле вработени 40 лица во текот на овој период. Заради тоа Агенцијата за странски инвестиции почна постапка за наплата на средства поради активирање на договорени пенали за овие две години, рече Бошњаковски.

Компанијата „Продис“ е инвестиција во Македонија на рускиот фармацевтски холдинг „Протек груп“, во која се произведуваат хомеопатски лекови, органски и неоргански производи и чаеви. Отворена е во октомври 2012 година.