Живот
19. May 2017 - 11:02

Поради негодување на публиката прекинат филм на Канскиот фестивал

Премиерата на филмот „Окја“ на Канаскиот филмски фестивал, беше прекината само пет минути по почетокт, поради извиците на негодување на публиката во салата.

Ваквата реакција на публиката претставуваше израз на револт и знак на протест затоа што продуцентот на филмот, компанијата „Нетфликс“, одби да го прикажува остварувањето низ кино салите во Франција.

Публиката го исвирка логото на „Нетфликс“ кое се појави на екранот, по што продолжи со негодувањата, па филмот беше прекинат.

Сепак, набрзо потоа, без никакво објаснување, филмот беше повторно емитуван од почеток. 

Главните улоги во „Окја“, кој е оценет како едно од најконтроверзните остварувања на овогодишниот Кански фестивал, ги толкуваат Тилда Свинтон и Џејк Гиленхал.