Македонија
17. November 2018 - 9:35

Поради натпреварот „Скопје 2018 -2“ викендов во делови од Скопје посебен сообраќаен режим

Поради меѓународниот кружен натпревар во автомобилизам „Скопје 2018 -2“ , што е во организација на „АКК Примо АВЈ”, викендов во делово од Скопје од 7.00 до 17.30 часот ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим.

Полицијата наведе дека на потегот од крстосница на булевар „Крсте Петков Мисирков“ и булевар „Гоце Делчев“, право до крстосница на булевар „Гоце Делчев“ и улица „Беласица“ до надвозникот на железничката пруга на исток, северно до кружниот тек, јужно до крстосница на улица „Владимир Комаров“ и улица „Беласица“, Одделенито за за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на Град Скопје.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.