Македонија
31. March 2019 - 11:47

Поради насилство, приведени две лица по фудбалски натпревар во Кавадарци

Поради насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, синоќа биле приведени две лица по фудбалскиот натпревар меѓу ФК Тиквеш и Борец во Кавадарци.
 
Оваа информација ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
 
Тој додаде дека против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави од страна на полицијата.