Живот
11. May 2016 - 19:59

Поради мистериозна болест лежела 10 години: Дијагнозата е неверојатна

Денеска Енџи е волонтерка во британската Фондација за превензија на самоубиства и јакнење на свеста за психичкото здравје. Енџи Мекевој (26) поминала повеќе од една деценија затворена во својата спална соба, премногу ослабнала, а лекарите никако не можеле да и постават дијагноза.

Таа со години ги посматрала своите врсници како излегуваат, имаат момчиња, а таа пак морала да го напушти училиштето, а болеста ја врзала за креветот.

Кога имала само 11 години, почнала често да повраќа и да трпи силни болки. Ситуацијата со тек на време толку се влошила што почнале да ја мачат и самоубиствени мисли.

И дури во нејзината 20 и некоја година, по разговори со повеќе психилози утврдено е дека Енџи страда од тага!

Симптомите настапиле неколку месеци по смртта на нејзианта тетка, која боледувала од рак на дојка, а Енџи ги криела чувствата за да не го загрижува семејството. Тетката и била како втора мајка, секој ден поминувале заегно, била силна личност и Енџи била многу приврзана за неа.

Психолозите утврдиле дека девојката не си дала себеси простор и врема да оттагува, не плачела и на никаков нечакин не ги покажувала емоциите, што на крајот се одразило врз нејзината психичка и физичка состојба.

Лекарите објасуваат дека децата понекогаш не знаат да се носат со тагата и поради тоа може да им се одрази на нивното здравје.