Балкан
27. November 2017 - 14:40

Поради лизгавиот пат се преврте комбе со учениците, седуммина пренесени во болница

Најмалку седум деца се повредени денеска во несреќа што се случила кога комбе кое превезувало ученици излетало од патот во местото Сипање, кај Бијело Поље во Црна Гора.

Според црногорските медиуми, децата се полесно повредени и се префрлени во Ургентниот центар на Општата болница во Бијело Поље.

Според неофицијални информации, до незгодата дошло поради лизгавиот пат, како последица на снежните врнежи.