Кошарка
3. March 2020 - 10:34

Поради корона вирусот НБА забрани ракување и давање автограми

Коронавирусот се шири низ целиот свет, каде што има многу заболени, а раководството на НБА-лигата реши да забрани ракување и давање автограми со цел да не се прошири и во американскат алига.

Управата на НБА вчера објави соопштение во кое даваат совети до кошаркарите, а меѓу нив се и да нема поздравување меѓусебе, да не земаат пенкала, топки или останати работи од навивачите за да им се потпишат на нив.
 
-Здравјето и безбедноста на работниците, тимовите, кошаркарите и навивачите е на прво место. Соработуваме со сите тимови, се консултираме со докторите и ги следиме случувањата, соопштија од НБА.