Македонија
1. January 2021 - 19:25

Поради компликации со Ковид-19 почина Зоран Џорлев

Почина Зоран Џорлев еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач и професор.

Џорлев според информации од неговото семејство извесно време се лекувал од корона вирус, но за жал неговиот организам не успеал  да се избори со болеста. 

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година каде го поминал детството. 

Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар.

Џорлев во 1989 година дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност.

Работел како професор по виолина, а беше и директор на „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Во јануари 2011 беше назначен за директор на Ансламблот за народни игри и песни „Танец“ каде остана на раководната функција до август 2017 година.