-->
-->
Поради компликации со Ковид-19 почина Тале Герамитчиоски
-->
Поранешниот заменик министер за образование и пратеник на СДСМ Тале Герамитчиоски вчеравечер починал поради компликации од Ковид-19.
Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.
Сопартијци од СДСМ преку социјалните мрежи се збогуваат со Герамитчиоски.
„Тале ќе недостига во неговиот Прилеп, во универзитетската област во регионот и во државата, во Битола, на неговите студенти, на сите нас кои го познававме и соработувавме со него“, напиша на фејсбук заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советниците во Град Скопје треба да се изјаснат за времено отстапување на Универзалната сала на Владата
-
Алармантна е состојбата со нивото на водата во Преспанското Езеро
-
Постои опасност жителите на Општина Карбинци да останат без вода за пиење во летните периоди
-
Се судрија два американски воени хеликоптери
-
Протести во Битола и Скопје поради смртта на шестгодишната Јана од Битола
-
Антиќ уште четири години на чело на македонската кошарка
-
Вечерва во Скопје и Битола протести за смртта на малата Јана
-
Тема на денот со доктор Александар Станов, директор на судска медицина