Поради изградба на бетонски пропуст изменет сообраќаен режим кон кумановската населба „Железничка Станица“
Општина Куманово информира дека поради изградба на армиран бетонски пропуст кој се наоѓа на улицата „Железничка“ и „Индустриска“ направена е измена на сообраќајниот режим во тој дел од Куманово и воведена е забрана за движење на возила и пешаци, се додека траат градежните активности.
Изградбата на пропустот се спроведува во рамки на реконструкцијата на регионалниот пат Куманово-Никуштак, која ја спроведува Јавното претпријатие за државни патишта, а општина Куманово го реконструира мостот, преминот, на дел од улицата „11 Октомври“ на крстосницата со улицата „Индустриска“ кон населбата„ Железничка станица“. За реконструкцијата на мостот општината одвои 4,1 милиони денари, а изведувач на активностите е компанијата „Хуљуси“, информираа претходно од секторот за комунални дејности.
Инаку, реконструкцијата на регионалниот пат Куманово-Никуштак почнува од влезот на Куманово, поминува низ населбата „Железничка Станица“, селата Черкези,Љубодраг, Ново Село, Умин дол до село Никуштак. Оваа инвестиција се реализира со средства одвоени од Владата, преку јавното претпријатие за државни патишта.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО