Македонија
13. March 2018 - 12:51

Поради голем одрон на карпа затворен сообраќајот на патот Велес - Градско

Денеска на регионалниот пат Велес – Градско, на излез од градот, пред вливот на река Тополка во река Вардар, има поголем одрон на карпа поради што патниот и железничкиот сообраќај е целосно во прекин од 08.30 часот.