Живот
17. November 2015 - 12:22

Поради фестивалски лантерни одложени летови од аеродромот во Тајланд

Поради фестивалски празнувања, особено традиционални во северниот дел на Тајланд, воздухопловните власти и авиокомпаниите го презакажуваат времето за полетување или ги откажаа летовите од меѓународниот аеродром ЧиангМаи, кој има годишен промет од над 5,3 милиони патници.

Проблемите ги предизвикуваат илјадници лебдечки лантерни, традиционален славенички украс во овој дел на Азија.

Иако централната прослава ќе се оджри на 25 ноември, Тајланѓаните уште од неделата почнаа да „лансираат“ светлечки лантерни, кои во понеделникот предизвикаа откажување на 62 авиолетови, меѓу кои и пет интерконтинентални. Дваесетина авиони на меѓународни летови полетале или слетале со задоцнување и до 20 часа.

Причина за нарушениот ред на летање не се само лантерните кои светат ноќе, туку и тие што по лебдењето кога ќе се оладат, паѓаат и на авионската писта.

Провинциските власти во северен Тајланд неодамна издале забрана за употреба на светлечки лантерни, но забраната не се почитува. За воздухопловите ќе биде најкритичен 26 ноември, а компаниите веќе објавија одлагање на над 200 летови од аеродромот „Чианг Маи“.