Македонија
22. July 2021 - 18:37

Поради еден сомнителен патник на Ковид-19 цел автобус ставен во изолација по летување на Халкидики

Автобус со тинејџери во кој имало и возрасни лица кои во понеделникот се вратиле од летување на Халкидики е ставен во изолација поради пациент сомнителен за Ковид-19, објави СДК.

Според информацијата на порталот досега на четири патници им е издадено решение за изолација, а еден од нив е со симптоми на вирусот и утре ќе биде тестиран.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирена Сотирова-Бухова вели дека во моментов се прави епидемиолошка анкета на сите патници, додека  еден од нив е со симптоми и ќе биде тестиран утре.