Џет-Сет
12. July 2017 - 22:42

Поради еден детаљ на сликата сите мислат дека Ким Кардашијан зема кокаин: Нејзиното објаснување ги збуни повеќе

Ким Кардашијан им се обрати на фановите преку Инстарам и покрена гласини дека зема кокаин. Социјалните мрежи се преплавени со слики на кои зад Ким се гледаат две бели линии за кои многумина заклучија дека се кокаин. Ким на снимката претставува колекција на детска облека и обувки, што многумина разлути.

Ким веднаш реагираше на бурата коментари и објасни дека се работи за отстоци од шеќерна вола на нејзината ќерка и додаде:

„Не си играм со трачеви од ваков вид па веднаш ќе прекинам. Тоа е шеќер од шеќерна волна“

Ким потоа повторно се јави на Инстаграм за да покаже дека тоа е мермер и дека тие две бели линии се токму шарки на масата.