Поради дождот прекинат мечот Хрватска-Косово
Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство во Русија помеѓу репрезентациите на Хрватска и Косово е прекинат поради врнежите од дожд и лошиот терен на стадионот „Максимир“ во Загреб.
Натпревар започна во предвидениот теермин, но по 20 минути игра, поради „ватерполо условите“ на „Максимир“ главниот судија Стефан Јохансон реши да го прекина натпреварот по конултациите со капитените Лука Модиќ и Самир Ујкани.
По паузата од десет минути Јохансон повотрно излезе на теренот но можеше само да констатира дека не постојат елементарни услови за да биде одигран натпреварот.
Постојат две опции кога би можел да биде одигран натпреварот од 7.коло во И групата: првата опција е тој да се одигра утре претпладне, пред Хрватска да замина за Турција, а Косово во Скадар или тој да биде оставен да се игра во финишот на квалификациите. н.ц
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата