Свет
29. January 2018 - 16:54

Поради дојава за бомба евакуиран Горниот дом на рускиот парламент

Поради дојава за бомба денеска беше евакуиран влезниот дел на Горниот дом на рускиот парламент, објави прес-службата.

– Добивме анонимна дојава за поставена експлозивна направа во зградата. Според безбедносните мерки, персоналот беше евакуиран и зградата се пребарува, се вели во соопштението на прес-службата.

Извор од Долниот дом на Парламентот, претходно изјави дека стигнале дојави за бомби во 25 згради во рускиот главен град, вклучувајќи ги болниците, Московската берза и една мртовечница.

За четири часа пристигнале две дојави за бомби во Долниот дом на рускиот Парламент.

Од септември забележан е бран на анонимни дојави за бомби во 4.000 згради во 215 градови ширум Русија.