Поради дефект дел од центарот на Скопје без парно греење
- Поради дефект на секундарен вод од дистрибутивната топлинска мрежа во близина на Собранието на Република Македонија привремено е прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите од централното градско подрачје, информираат од БЕГ.
Оттаму прецизираат дека без топлинска енергија се потрошувачите на улиците „Даме Груев“ бр. 2, 4, 6 и 8, „Македонија“ ББ (Спомен куќа на Мајка Тереза, Дом на АРМ), бр. 6, 10 и 16, „Луј Пастер“ ББ (Палата Македонија), „11 Октомври“ бр. 6 и 8 и „Димитрие Чуповски“ бр. 1.
- Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и според проценката се очекува во најбрз рок дефектот да биде саниран, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија, велат од БЕГ.
Додаваат дека за дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата