Поради бегалците затворена меѓународната железничка станица во Будимпешта
Унгарските власти изутринава ја затворија меѓународната железничка станица во главниот град Будимпешта поради обидите на стотици мигранти да се качат на воз за Австрија или Германија.
- Ниту еден воз нема да пристигне или да тргне од станицата „Келети“ до нова наредба. Се молат сите да ја напуштат станицата, гласеше соопштение, прочитано преку разглас на железничката станица.
Изутрината дојде до судири меѓу дел од мигрантите, кои се обидоа да ги отворат вратите на перонот, но полицијата не дозволи тие да се качат на воз.
Неколку мигранти обвинуваа дека платиле стотици евра за билети, откако претходно полицијата го уверила дека ќе им биде дозволено да заминат со воз. Вчера илјадници мигранти заминаа од „Келети“ со воз за Австрија и Германија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација