Македонија
15. May 2022 - 8:17

Поради автотрка од 11 до 16 часот затворен за сообраќај патот Кочани – Пониква

Поради одржување на меѓународен авто натпревар за ФИА-Централно Европска Зона (ФИА-ЦЕЗ) денеска патниот правец Кочани – Пониква ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 11:00 до 16:00 часот.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива непречено по суви коловози, со умерен интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.