Бизнис
21. December 2015 - 13:34

Поповски: Над 10.800 лица најдоа работа досега со „Македонија вработува“

Директорот на Агенцијата за вработување на Македонија Влатко Поповски денеска присуствуваше на средбата во Бирото за вработување во Тетово со повеќе работодавачи од регионот. Според Поповски, целта на овие редовни средби е при директниот контакт со работодавачите и невработените да им се претстават мерките и активностите што ќе овозможат на невработените да најдат работа а работодавачите да најдат кадар што им е потребен.

- Присутните ќе ги запознаеме со оперативниот план за 2016 година што веќе е донесен и содржи 27 мерки. Со овој оперативен план започнуваме уште веднаш односно од први јануари се со цел да го продолжиме трендот за намаллувањена невработеноста во државата. Овие 27 мерки во најголем дел се веќе постојните но надополнети како што е мерката за стари занаети со која се опфатени шест стари занаети при што за заинтересирните им овозможуваме обука и три илјади евра за отпочнување на свој бизнис што ефинасиски одрлив. Тука е мерката за мобилност за вработување на лица во определени региони од државата надвор од Скопје при што работодавачот добива 12 илјади денари по лице а вработениот 80 илјади денари за патни или сместувачки трошоци и други мерки, изјави Поповски.

Тој посочи дека за 2017 година заедно со општините ќе разгледаат можност за микротаргетни мерки согласно специфичните потреби на секоја општина поооделно такви мерки за вработување да се применуваат. За следниот период Поповски најави дека еден од приоритетите на агенцијата останува нивното работење уште повеќе да се доближи до граѓаните.

Во однос на состојбите со вработувањата во рамките на проектот „Македонија вработува“ Поповски посочи од нејзиниот почеток на 27 април досега вработени се над 10.800 лица и оти таа ќе продолжи согласно законските прописи до 26 април следната година. Поповски очекува дотогаш да се надмине планираната бројка од 15 илјади нови вработувања.

- Доколку постои интерес ние ќе направим напори таа со одредени надополнувања или како друга мерка да се придонесе за вработување на лица над 40, 50 и 58 години за да им се овозможи тие да стекнат право на пензија додека работодавачите се олободени од плаќање на давачките доколку вработат вакви лица рече Поповски.

Директорот на Бирото за вработување Тетово Горан Јовановски рече дека нивен приорите останува квалитетното профилирање на невработените лица во регионот за да им се овозможи на работодавачите навремено да можат да пронајдат кадар според нивните барања.