Поповолни очекувањата во преработувачката индустрија
Раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија со зголемена доверба во февруари во однос на јавнуари годинава и на февруари лани.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2019, во однос на јануари 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јануари 2019 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во февруари 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на февруари 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во февруари 2019 година изнесува 68,8 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 25 отсто, недоволната странска побарувачка со 17 отсто, недоволната домашна побарувачка со 15,2 отсто и неизвесното економско
опкружување со 10,8 отсто.
Ново на Сител
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година