Поповолни очекувања во преработувачката индустрија
Раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија имаат поповолни очекувања за обемот на производството во наредните три месеци во однос на февруари, додека залихите на готови производи се намалени, објави Државниот завод за статистика.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на март 2017 година. Се очекува бројот на вработени да порасне.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2018 година изнесува 67 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имале недостигот на квалификувана работна сила со 21,8 отсто, недоволната странска побарувачка со 19,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,3 отсто и неизвесното економско опкружување со 10,7 отсто.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2018 година е еднаков како во февруари 2018 година и изнесува 19,1 процентни поени, а во однос на март 2017 година е зголемен за 2,1 процентни поени
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница