Поповолни оценките на градежниците за економската состојба на претпријатијата
Градежниците ја оценуваат економската состојба на своите претпријатија во второто тримесечје од годинава како поповолна во однос на претходната. Според податоците на Државниот завод за статистика, нивните оценки се поповолни и за финансиската статојба и оценката за сегашната состојба за порачки.
Нивните очекувања за бројот на вработени се дека ќе се зголеми во наредните три месеци. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во второто тримесечје од 2016 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 21,4 отсто, зголемени финансиски трошоци, односно камати со 16,1 отсто,
конкуренција во сопствениот сектор со 13,9 отсто и немањето побарувачка со 13,4 отсто.
Ново на Сител
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто