Поповолна состојбата во градежните фирми во третиот квартал, оценуваат раководителите
Во оценка за деловните тенденции во градежништвото во третиот квартал годинава раководителите на фирмите навеле дека очекуваат во наредните три месеци да се зголемат вкупните порачки (договори) за работа и бројот на вработени, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според оценката на раководителите, индикаторот на доверба во третото во однос на второто тримесечје од годинава е зголемен за 0,3 проценти, а за 1,8 проценти е зголемен споредено на третиот квартал лани.
Оценката за економската состојба во третото тримесечје од годинава е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на третото тримесечје од 2014 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолнa во споредба со претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во третото тримесечје од 2015 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали со 20,3 проценти, зголемените финансиски трошоци (камати) со 20 проценти, недостигот на обучен кадар со 14,6 проценти и зголемените трошоци за труд со 14,3 проценти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација