Попович го критикуваше гувернерот на Тексас за укинувањето на маските
Тренерот на НБА лигашот, Сан Антонио спарс, Грег Попович, изјави дека неговиот тим ќе ја игнорира одлуката на државата Тексас за укинување на задолжителното носење маски, нарекувајќи ја одлуката на гувернерот Грег Абот „несериозна“.
Абот денес објави дека става крај на задолжителното носење маски во обид да се отвори Тексас „100%“, и покрај загриженоста на американскиот „Центар за контрола на болести и спречување на нови случаи на коронавирус“.
Говорејќи по победата на Сан Антонио над Њујорк (119:93) над Њујорк никс, Попович рече дека Спарс ќе продолжат да ги следат протоколите на НБА, според кои играчите, тренерите и судиите треба да носат маски.
– Што се однесува до играчите, ние ја слушаме НБА, а не гувернерот, истакна Попович.
Тој го критикуваше Абот, велејќи дека се однесува како да заврши пандемијата, иако сите научници и експерти тврдат спротивно.
Во Тексас од почетокот на пандемијата, од Ковид-19 починаа повеќе од 42.000 луѓе.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители