Македонија
29. September 2019 - 13:42

Попова: Дали е точно дека купувачот на градската куќа се знае однапред?

Проблемот не е тоа што градската куќа е фрлена на страна, туку тоа што постои сомнеж дека Шилегов е фрлен на провизии и криминали. Шилегов кој инаку треба да биде Градоначалник на сите Скопјани со објаснувањето дека градската куќа била фрлена на страна и затоа ја продава, изврши поделба и навреда на граѓаните, делејќи ги на ониe кои се близу центарот и сите останати кои како што вели тој се фрлени на страна.

Но која е вистината?

Зградата зад мене е одалечена само стотина метри од Владата на Република Македонија, и 400 метри од плоштадот „Македонија“. Што значи дека проблемот не е далечината туку тоа што Шилегов е фрлен на сомнеж за провизии и криминал.

Јавно прашуваме дали е точно дека новиот купувач на градската куќа однапред се знае?

Времето ќе покаже дали се вистина тврдењата дека Шилегов има направено веќе бонбона бизнис со една компанија од странство?

Дали е точно дека веќе во игра е зградата на поранешното ЕСМ, и дали се во прашање провизии?Зошто Шилегов новиот купувач освен градска куќа по багателна цена ќе го части со гратис државно земјиште и нула денари комуналии?

И дали со тоа што Шилегов дополнително инвестираше 3 милиони евра за финализирање на градската куќа, за која сега вели дека е промашен проект, не го оштети буџетот со цел да оствари корист за новиот купувач?

Наместо криење од јавноста, очекуваме одговори.

Две години Шилегов.

Две години лаги, криминал и неработа.

Ви благодарам на вниманието

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ