Македонија
21. February 2017 - 16:35

Попоски за ХТВ: Да не беше блокадата за ЕУ и НАТО немаше да имаме криза

Политичка влада е најлогичното и најфункционалното решение за излез од политичката криза. Тоа го покажа досегашното искуство во Македонија. Министерот за надворешни Никола Поповски, во интервју за хрватската национална телевизија вели дека со успешно спороведените избори еден дел од таа криза е затворен, но предизвикот останува околу составот на владата, која според Поповски е потребно да се формира и заради одржување на економската стабилност на Македонија.

Попоски потсетува дека една од клучите причини за политичката состојба во која се наоѓа Македонија е блокираниот процес на евро-атлански интергации. Членството во НАТО и во Европската унија е најголемата гаранција за стабилноста на заемјите во регионот.

Министерот за надворешни посочува дека хрватското искуство е најголемиот аргумент за тоа зошто преговорите за членство тареба да се водат паралелно со  останатите отворени прашања.