Македонија
20. May 2016 - 17:27

Попоски во Брисел - Сијарто: Никој да не се меша во внатрешните работи на Македонија

Сите треба да се држат настрана од мешање во домашните и внатрешни политички случувања во Македонија и да се остави македонскиот народ да донесе одлука за иднината на нивнат земја, чија волја треба да се почитува. Ова денеска од НАТО го порача унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто. Според него, македонскиот народ одлучил веќе четири пати на четири избори едно по друго во корист на Владата предводена од Груевски и пораката на Унгарија во однос на политичката криза во земјата е јасна.
 
- Унгарија секогаш била и ќе остане силен поддржувач на Македонија, кога станува збор за двете интеграции, европската и евро-атлантската и мислам дека сите треба да се држат настрана од мешање во домашните и внатрешни политички случувања во Македонија и да се остави македонскиот народ да донесе одлука за иднината на нивнат земја. Последните четири пати, кога македонскиот народ донесе одлука, тој донесе многу јасна одлука и мислам дека сите треба тоа да го почитуваат.
 
Сијарто е изненаден од однесувањето на македонската опозиција што според него е непознато за европската демократија
 
- Знаете дека имаме една многу чудна ситуација или подобро да го искористам зборот „смешна“, ако не е и трагично дека имаме опозициски партии што не сакаат рани избори. Мислам, Владата во Македонија, како што знаеме е подготвена за предвремени избори за што и премиерот даде оставка и беше формирана голема коалиција, а и условите беа договорени по што опозициската партија не сакаше да учествува на изборите. Тоа еден вид на однесување што е целосно непознато кога станува збор за демократијата. Затоа, нашата позиција е дека ни треба стабилен Западен Балкан и стабилен Западен Балкан не може да постои без стабилна Македонија, а стабилна Македонија има потреба од стабилна Влада што Македонија ја има во моментов.
 
Министерот Попоски, кој денеска имаше богата работна агенда во седиштето на НАТО каде оствари билатерални средби со помошникот-државен секретар на САД Викторија Нуланд, како и со неговите коелги од Германија Франк-Валтер Штајнмаер, од Грција Никос Коѕијас, како и со Чавушоглу, Сијарто и Даниел Митов. По овие средби, Попоски нагласи дека евро-атлантската агенда и домашните политички случувања биле главна тема во дискусиите.
 
- Раговаравме пред се за нашата европска и евро-атлантска агенда. Аспирациите на Македонија се час поскоро да бидат остварени ветувањата што со години наназад ги имаме добиено од двата клуба за отпочнување на процесот на преговори со Европската унија и за членството во НАТО, што веќе подолго време се одложува. Во изминатиот период станавме на некој начин и жртва на дискусии што во определен временски рок ни ги оддалечуваат тие амбиции, односно го одложуваат периодот кога тоа може да се случи. Повеќето од змејите-членки ја разбираат важноста за стабилен балкан и стабилен регион преку стабилна Македонија. А стабилна Македонија не може да има ако во подолг временски период се предизвикуваат непотребно ефекти и по безбендоста и по однос на дмеократските процеис што се случуваат и кои на крајот на денот мора да резултираат со спроведување на избори и израз на волјата на граѓаните на тие избори.